Тениското чудо, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз продолжи со одлични игри во Мајами, и во полуфиналето го совлада Хуберт Хуркач со 2-0 (7:6, 7:6) и се пласираше во големото финале.
Тинејџерот кој е голема сензација во битката за трофејот ќе го има Каспер Руд, кој исто така дојде до најголемиот успех во својата кариера.
До финалето Шпанецот дојде против десетиот тенисер на листата, битката траеше два часа и пет минути, тај-брејковите беа одлучувачки на крајот.
Со победата во полуфиналето Алкараз постана вториот најмлад тенисер во историјата кој ќе се бори за трофеј во Мајами, вториот на кого му успеало тоа е Рафаел Надал, во 2005 година кога беше сопрен во финалето. Па тинејџерот има шанса да стане првиот Шпанец кој го освоил турнирот во Мајами.