Рускиот тенисер Андреј Рубљов после тешка битка триумфираше со 3-2 во сетови (6-4, 6-7, 6-7, 6-3 и 6-0) против австралиецот Алекс Де Минаур и се пласира во четвртфинале на Австралија опен.

Уште од стартот беше најавен интересен дуел меѓу двајцата тенисери, а првиот сет му припадна на Русинот со 6-4, додека следните два беа идентични и со среќен крај за Де Минoр и двата сета ги доби во тај-брејкот.

Рубљов го засили темпото во четвртиот сет каде што славеше со 6-3, а во последниот го растури противникот и со 6-0 го елиминира од турнирот.

Русинот во следното коло ќе се бори против Јаник Синер од Италија.

https://twitter.com/i/status/1749043284041945439