Ракометарите на Исланд не направија изненадување и го загубија дуелот со фаворизираната Франција (39:32) во Келн.
Меѓутоа популарните „рибари“ не се посрамотија, се обидуваа максимално да се надигруваат, а нивен најдобар поединец беше Один Тор Рикардсон кој постигна шест голови од исто толку обиди.
Токму еден од тие голови беше вистински ремек дело, изведе магија и го матираше Беласен.