Ракометниот свет е потресен од огромната трагедија откако уште рано утрово дојде информација за смрт на поранешна репрезентативка на Македонија и екс ракометарка на Кометал Ѓорче Петров и Вардар , Јулија Николиќ(Портјанко) која синоќа ненадејно почина .
Портјанко дојде во Македонија во 2003 година во тимот на Кометал Ѓорче Петров , но најпрво настапуваше за тимот на Еуростандард и брзо после тоа успеа да се најде и во репрезентацијата на Македонија. Шест години го носеше дресот на ѓорчепетровки, а потоа замина во Ускудар. Играше и во Франција и една сезона во Звезда Звенигород пред во 2013 година да дојде во Вардар каде и ја заврши кариерата .
Важеше за голем борец на теренот , а беше значаен дел од репрезентацујата на Македонија со која настапи на неколку големи натпреварувања .