Вардарци не успеаја во финалето да слават над домаќинот Магдебург и со пораз го завршуваат Хумел Купот.
Иако црвено-црните одлично започнаа во првото полувреме и со добра серија стигнаа до водство од 3 голови, до крајот на полувремето Магдебург се врати и ја анулира оваа предност. На одмор се замина со 12:11 водство за домаќините.
Во второто полувреме играта на Вардар се распадна, нападот не функционираше а Вујовиќ не можеше да најде решение за расположените германци. зЗа 15тина минути Магдебург направи разлика која Вардар до крајот не можеше да ја анулира. Конечниот резултат гласеше 31:20.