Започна втората фаза во групите 1 и 2 на Светското првенство во ракомет.
Во првиот натпревар од втората фаза во групата 1 на Светското првенство во ракомет за жени што се игра во Шпанија, Русија ремизираше со Словенија со резултат 26:26.
Словенија одигра многу добро во текот на целиот натпревар, но не можеше да го издржи притисокот на Русинките и да донесе голема победа.
Словенија имаше водство на полувремето од 15:14, а пред крајот имаше водство од 22:18, по што следеше серија од 5:0 и Русија се врати во живот, за на крајот Словенија повторно да направи пресврт за водство од 25:24 и во луда завршница натпреварот заврши нерешено, 26:26
Екатерина Илина беше најефикасна кај Русија со 7 гола, а на другата страна 7 постигна и Тјаша Станко.
Холандските ракометарки се мачеа во дуелот со Романија, но на крајот сепак триумфираа со резултат 31:30.
Најефикасна беше Бо ван Вереринг со 6 гола, а Снулден, дер Хејден и Далфер постигнаа по 4.
Во редовите на Романија Ласло постигна 6 гола, исто колку и Пинтеа, додека Остасе постигна 5 гола.