Четврти пат во својата историја, а втор во низа, репрезентацијата на Данска го освои третото место и бронзениот медал на светските првенства.
Во својот последен меч на шампионатот на кој беше ко-домаќин, Данска во драматичен натпревар ја победи Шведска со 28-27 и обезбеди пласман на Олимписките игри во Париз идното лето. Данките водеа скоро цел натпревар, највисоката предност изнесуваше четири разлика, но селекцијата на Шведска во финишот направи пресврт и го направи финишот интересен.
Благодарение на серијата од 3-0, Шведска првпат поведе со 24-23, Данска одговори со два гола во низа, а по 25-25 постигна уште два и на помалку од две минути пред крајот поведе со 27-25, Клучниот гол беше постигнат на 20-тина секунди пред крајот за водство од 28-26 по што Швеѓанките немаа време за нов пресврт.
Хансен, Хојјлунд и Јоргенсен со по пет гола беа најефикасни во данската селекција, а Мелгард и Блом ја предводеа Шведска со по седум голови.