Екипата на Арсенал брзо го стави во заборав поразот од Астон Вила и со триумфот против Брајтон им се врати на победите во англиското првенство.

На Хајбери, „топчиите“ го победија Брајтон со 2-0, благодарение на двата гола постигнати во второто полувреме. Бедемот пред голот на гостите прв го проби бразилецот Габриел Жезус во 53. минута, а конечниот резултат го постави Каи Хаверц во финишот од натпреварот. Во меѓувреме Брајтон имаше неколку изгледни шанси кои не ги искористи, но победата на Арсенал е апсолутно заслужена ако се има предвид дека домаќините имаа дури 25 удари кон противничкиот гол и тотално доминираа на теренот.

 

Пред дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед, лидер е Арсенал, а веднаш зад него е Астон Вила, со бод помалку откако денеска славеше и на гостувањето кај Брентфорд. Домаќините водеа по првото полувреме со голот на Луис Потер, а од 77. до 85. минута Морено и Воткинс се погрижија за пресврт откако претходно Брентфорд остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на Ми.

https://twitter.com/i/status/1736412080771568119

Покасно беше исклучен и Камара од Астон Вила.

Победа оствари и Вест Хем кој пред своите навивачи го совлада Вулверхемптон со 3-0, благодарение на головитте на Кудус (2) и Боуен.