Во директниот дуел за второто место во групата , се сретнаа Спортинг Лисабон и Борусија Дортмунд, а Спортинг го обезбеди второто место со победа од 3:1 .
Борусија Дортмунд во групната фаза ќе заврши на третото место и ќе игра напролет во Лига Европа, додека Спортинг од Лисабон го освои второто место и оди во осминафиналето.
Со оглед на важноста на натпреварот и двете екипи почнаа малку попретпазливо, но на одмор домаќинот сепак имаше два гола предност.
Во 30 минута, грешка на одбрана на домаќините , Нико Шулц ја промаши топката која дојде до Педро Гонсалвеш кој излезе сам пред домашниот голман Кобел и лесно го совлада .
Истиот играч погоди десет минути подоцна го зголеми водството. Овој пат одлично се избори за шут и од работ на шеснаесетникот ја испрати топката во мрежата.
Свои шанси имаше и Борусија, веднаш по примениот гол се закани Дониел Мален кој го мина голманот и шутираше откосо, но Гонкало Инасио се најде на вистинското место и ја одби топката пред гол-линијата.
Во вториот дел се беше јасно кога Борусија остана со играч помалку. Емре Чан беше исклучен, а набргу домашниот тим заработи пенал по фаулот на Загаду и дојде до третиот гол.
Педро Гонкалвеш изведе пенал, Кобел го одбрани неговиот обид, но топката се одби до главата на Педро Поро кој погоди за 3:0.
До крајот на натпреварот, Борусија успеа само да намали на конечни 3:1 со голот на Мален во 93. минута по асистенција на Марко Ројс.