Фудбалерите на Реал Мадрид убедливо славеа на гостувањето кај Шериф во Тираспол со 3-0 во натпреварот од 5.коло од групата Д на Лигата на шампионите и со тоа го оставија молдавскиот клуб без шанса да стигне до пролетта во ова натпреварување.
Со улогата на апсолутен фаворит Реал отпатува за Молдавија, но поразот од првиот меч во Мадрид ги oпомена и ги натера да се реваншираат.
Домаќинот долго се спротивставуваше на нападите на Реал, но во истекот на 30 минути водство за гостите од Мадрид донесе Давид Алаба со гол од слободен удар.
Австриецот го изведе прекинот, а топката удри во еден од играчите на домашната екипа на патот кон голот и го измами фати Атанасиадис на погрешна нога.
Претходно прилики имаа Тони Крос и Карим Бензема, чиј гол беше поништен во 10. минута поради офсајд.
Пред голот се обиде и Родриго, но неговиот удар го прочита одличниот голман на домаќинот.
Реал продолжи да доминира и по голот, а во првата минута од продолжението поведе со 2-0 по извонредниот гол на Крос на повратното додавање на Родриго.
Гостите во 55. минута стигнаа до убедливи 3-0, а стрелец беше Бензема, кој одлично го прифати додавањето на Ферлан Менди , ја шутна топката од колено и го измами голманот на молдавскиот тим.
Македонскиот репрезентативец Бобан Николов влезе во игра во 59 минута од натпреварот .
Кралскиот клуб со оваа победа изби на врвот на табелата и во последното коло има можност да ја зацврсти лидерската позиција во групата со триумф против Интер.
Шериф ќе остане на третото место пред дуелот во последното коло против Шахтјор и без разлика на резултатотв натпреварувањето ќе го продолжи во нокаут фазата од Лига Европа.
https://www.youtube.com/watch?v=7SQcuExiHmE