Лутон направи огромен исчекор во битката за опстанок во Премиер лигата, откако на Боксинг деј во релативно луд натпревар, како гостин, го совлада директниот ривал Шефилд јунајтед со 3-2.
Тоа беше пресметка со два резултатски пресврта и два автогола, па на крајот фудбалерите на гостинскиот состав со само еден погодок дојдоа до драгоцени три бода. Лутон поведе со голот на Доути во 17. минута, а Шефилд Јунајтед во првата половина од второто полувреме во само осум минути направи пресврт.
Лутон сега има 15 бодови и е на 18. позиција на табелата, со само еден бод помалку од Евертон и два од Нотингем форест, кој има и меч повеќе, додека Шефилд Јунајтед остана закован на дното со само девет бодови.
Борнмут одигра уште еден одличен натпревар и го победи Фулам со 3-0 на Боксинг Деј. Џастин Клајверт донесе водство во 44.минута, Доминик Соланке од пенал зголеми на 2-0 во 62.минута, а третиот гол беше дело на Луис Синистера во судиското продолжение.