Поранешниот англиски и европски шампион Ливерпул триумфираше на гости кај Барнли со 2-0 и се искачи на првото место во Премиерлигата.
Избраниците на Јирген Клоп доминираа од почетокот, а првиот гол го постигнаа во шестата минута преку уругваецот Дарвин Нуњез.
Момците на Винсент Компани се осоколија и имаа две големи шанси во централната фаза на второто полувреме. Фостер со глава и Амдуни по грешката на гостинската одбрана имаа две големи шанси, но мрежата на Алисон остана незатресена. Казната за овие промашувања стигна во последната минута од регуларниот тек, кога Жота од мртов агол ги постави конечните 0-2.
Со овие три бода Ливерпул изби на врвот со 42 бода, два повеќе од Арсенал и три од Астон Вила.