Почетокот на натпреварот беше катастрофален за екипата на Ерик Тен Хаг бидејќи гостите од Бирмингем преку МекЏин и Дендокер до 26. минута донесоа водство од 2-0 за Астон вила.
Јунајтед почна да се буди во вторите 45 минути, а Гарначо блесна со два гола во 59. и 71. минута од натпреварот (2-2), додека пресвртот го обезбеди Хојлунд со дебитантскиот гол за гигантот од Манчестер по 19 одиграни кола во елитата.
Астон вила остана на трето место со 39 бод, додека Јунајтед има 31 бодови на шестото место во лигата.
Манчестер Јунајтед ги потсети фановите дека во клубот уште живее духот од минатото кога и покрај големата негатива (0-2) може да се стигне до три бода.
Јунајтед понекогаш умее да потсети на некогашните славни денови.
На Боксинг Деј се случуваат чуда и Јунајтед направи чудо.