Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед е сериозно заинтересиран за ангажман на швајцарскиот репрезентативец Денис Закарија од Борусија Менхенгладбах. Менаџерот Ралф Рангник е уверен дека тој ќе ја засили сериозно конкуренцијата во средниот ред.
Јунајтед сака да го доведе и Тарик Лампти од Брајтон. Десниот бек е под договор со Брајтон до летото 2025 година, а клубот за него бара 40 милиони фунти обештетување.