И оваа година го продолжуваме континуитетот на настапи на големите ракометни натпреварувања.
Благодарение на Македонските ракометари секој јануари ни е супер интересен и исполнет со големи возбудувања. А така ќе биде и овојпат.
Македонија прв пат настапува на едно големо натпреварување под водство на нашата легенда Кирил Лазаров кој во исто време ќе биде и селектор и играч.
Многу пати до сега имало обид за подмладување на репрезентацијата и можеби сега е вистинското време поголема улога и одговорност да преземат Филип Талески и Филип Кузмановски.
Поддршката на искусниот Миркуловски кој е планирано да има помала минутажа со оглед на тоа што оваа сезона подолг период правеше пауза и секако на Кире Лазаров треба да биде зачинот кој може да донесе играта на Македонија да биде на високо ниво.
И секако кога станува збор за офанзивните квалитети голема надеж се полага во младите но веќе со искуство на големи натпреварувања, стружаните Ненад Костески и Цветан Кузмановски. Крилата на Пелистер докажаа дека умеат да се супер ефикасни а сега останува својот квалитет да го покажат и пред ракометна Европа.
Вечерва отварама против старите познаници, селекцијата на Словенија. Во досегашните дуели имаме скор од 2 победи, 2 реми и 4 порази.
Последната победа ја абележавме 2018 на Европското првенство кога завршивме први во групата пред Германија, Словенија и Црна Гора. Лани во Египет доживеавме тежок пораз со 10 разлика. А вечерва, нека биде реприза на 2018 година.
Среќно момци, Македонци. Напред Македонија.