Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо е незадоволен од Манчестер Јунајтед и би можел да го напушти клубот доколку продолжи да постигнува просечни резултати. Наводно, Роналдо им рекол на челниците на клубот дека ќе си замине доколку наместо Ралф Рангник не биде доведен „вистински“ тренер.
„Не сакам да бидам во клубот за да се борам за шесто, седмо или петто место. Тука сум за да победувам. Верувам дека со промена на составот можеме да постигнеме големи резултати”, изјавил португалскиот напаѓач, коментирајќи ја ситуацијата во клубот.
Манчестер Јунајтед е далеку од борбата за врвот на табелата во Премиер – лигата и фокусот е насочен кон остварување на целта за пласман во Лигата на шампионите следната сезона