Во саботниот централен натпревар од 11. коло во Бундеслигата, РБ Лајпциг ја продолжи серијата солидни резултати со победа над Дортмунд, а воедно му помогна на Баерн дополнително да се одвои на врвот.
Лајпциг го совлада второпласираниот тим во лигата со 2:1, а главна ѕвезда беше Кристофер Нкунку со гол и асистенција. Тој го доведе својот тим во водство во 29 минута на асистенција на Јошко Гвардиол .
На почетокот на вториот дел израмни Марко Ројс, но победата за Лајпциг ја донесе Јусуф Поулсен на асистенција на Нкунку.
Волфсбург забележа нов позитивен резултат со новиот тренер со минимална победа над Аугсбург, а прв остана Баерн кој го победи Фрајбург со 2:1.
Баварците ги предводеше Леон Горецка во 30. минута, додека се не можеше да помине без голот на Роберт Левандовски кој во 75. минута зголеми на 2-0. Фрајбург намали преку Хаберер .
Бундес лига, 11. коло:
Баерн – Фрајбург 2:1
Бохум – Хофенхајм 2:0
Штутгарт – Арминија Билефелд 0:1
Волфсбург – Аугсбург 1:0
РБ Лајпциг – Дортмунд 2:1