Барселона и Џирона одиграа само 0-0 во каталонското дерби во 28-то коло на шпанската Ла Лига. Иако Барселона во текот на целиот натпревар имаше иницијатива, сепак, не успеаваше да го пронајде патот во голот на гостите.

Барселона не успеа да му избега на Реал на +15 бодови на чело на табелата. По поразот на Реал од Виљареал на „Бернабеу“, се отвори голема шанса Барселона вечерва на свој терен да ја победи Џирона и да направи огромен чекор напред кон титулата.

Спорен момент кој можеше да го одлучи победикот се случи во 37-та минута кога уругваецот Роналд Араухо упати удар кон голот на Џирона, голманот одбрани, но останува спорно дали топката ја мина гол-линијата. Во Шпанија нема гол технологија, па главниот судија му веруваше на помошникот кој сигнализираше дека нема гол во оваа ситуација.

https://twitter.com/Reinaldodcg9/status/1645519151685926933?s=20

Барселона е лидер со 72 бода во шпанската Примера , 13 бодови повеќе од Реал Мадрид кој има 59 по 28 одиграни кола. Џирона е на 11. позиција.