За Македонија ова е четврти пораз во последните пет натпревари, претходно во февруари во Анталија, Зимбабве и Бугарија нѐ победија, а ремизиравме само со Естонија.

Македонските фудбалерки го загубија мечот во последната третина, откако Јелена Карличиќ во 60-та го врати водството за Црна Гора, а Јелена Вукадиновиќ четири минути пред крајот ја запечати победата, откако претходно Јасна Ѓоковиќ донесе водство во 14-та, а Илза Максути во 35-та израмни.

Последна победа на Македонија е септемвриската против Летонија во последниот циклус за СП 2023.