Екипата на Барселона ја оствари 11. победа во 12. коло од шпанската Ла Лига откако попладнево триумфираше во каталонското дерби со Еспањол со 3-1.

Натпревварот го одбележаа трите поништени голови за Еспањол од кои два порази офсајд, а еден затоа што топката претходно го напушти теренот. Еден од нив беше поништен во првото, а два во второто полувреме, но гол ѝ беше поништен и на Барса во финишот од дуелот, поради офсајд.

 

Барса ја заврши целата работа во период од 19 минути во првото полувреме, а во главна улога беше повратникот во првиот тим Дани Олмо. Шпанскиот репрезентативец погоди во 12. мин. на асистенција на Јамал и 31. минута на додавање на Балде. Помеѓу двата гола стрелаше и Рафиња по маестралната асистенција на младиот Марк Касадо, па на полувреме се замина со водство на Барселона со 3-0. Во вториот дел погоди и Пуадо за Еспањол, кој го постави конечниот резултат.

(ТУКА можете да ги погледнете сите голови)

До репрезентативната пауза, водечкиот тим во шпанскиот шампионат има дуели со Црвена Звезда и Реал Сосиедад.

Сега Барселона има 33 бода, девет повеќе од второпласираниот Реал, но со натпревар повеќе. „Каталонците“ се убедливо најефикасен тим во Ла Лига со 40 постигнати гола, речиси двојно повеќе од Реал.