Барселона не успеа да најде решение (0-0) за Бенфика, но, сепак, остана на втората позиција со седум бода, два повеќе од португалскиот претставник.

Каталонците имаа повеќе од поседот на топката и направија повеќе шанси, но не успаја да ја начнат мрежата на голманот на Бенфика Влаходимос.

Во 93. минута од натпреварот Сеферовиќ имаше чист зицер пред Тер Штенген но не погоди така што Барселона може да биде и задоволна што не загуби.

Standings provided by SofaScore LiveScore