Европскиот првак Челси му возврати на Јувентус за поразот во Торино и го совлада со 4-0 на „Стемфорд бриџ“. Сега „сините“ се на врвот на табелата во групата и имаат најголеми шанси да останат таму и по последното коло кога му гостуваат на Зенит.

Тревох Чалоба во 25.минута го постигна водечкиот погодок, а Рис Џејмс во 55.минута зголеми на 2-0. Третиот гол беше дело на Калум Хадсон – Одои само три минути подоцна. Во судиското продолжение и Тимо Вернер погоди за конечни 4-0.

Standings provided by SofaScore LiveScore