Фудбалерите на Реал Сосиедад го запишаа третиот нерешен исход по ред во Ла Лига, откако одиграа нерешено против Алавес (1-1) спасувајќи бод во самиот финиш на натпреварот во 19. коло од Ла Лига.

Ниту црвениот картон на Ремиро не им создаде премногу проблеми на домаќините, кои доминираа на дуелот, меѓутоа Алавес до водство стигна преку Риоха од пенал во 76. минута.

Реал Сосиедад беше пред пораз сè до 96. минута кога Зубименди постигна гол, го спаси домаќинот и ги постави конечните 1-1.

Алавес се наоѓа на 15. место со 17 бодови, додека Реал Сосиедад е шести со 32 бода во Ла Лига.