Светската куќа на фудбалот (ФИФА) денеска ја соопшти својата конечна одлука за случајот на фудбалерот Бајрон Давид Кастилјо Сегура.
ФИФА ја прекинува постапката против овој фудбалер и Еквадорската фудбалска федерација. Тоа значи дека жалбата на Фудбалската федерација на Чиле беше неуспешна.
Чилеанците се жалеа дека Бајрон нелегално е натурализиран и игра за Еквадор без потребната документација. Сепак, ФИФА не пронајде никакви докази дека тој не смее да игра за оваа репрезентација или дека била прекршена некаква процедура.
Чиле се надеваше на суспензија на Еквадор од ФИФА, а со тоа и исфрлање на тимот од Светското првенство во Катар. Еквадор заврши четврти во квалификациите во Јужна Америка, а Чиле дури на седмото место. Дури и ФИФА да го исфрлеше Еквадор од турнирот, нивното место ќе го преземеше Колумбија.