Гибралтар загуби од Македонија со 0-2 пред пет дена на домашен терен, на меч на кој црвено-жолтите не брилјираа, па сега откако ја сопнаа Бугарија, амбициозно најавуваат дека бодот им влева поголема самодоверба и дека доаѓаат за многу повеќе од добар настап со прифатлив пораз.
„Последните два меча, со Македонија и сега со Бугарија ни се многу позитивни, посебно овој последен каде успеавме да освоиме бод и да не загубиме. И овој бод сега ни влева дополнителна верба во самите себе за последниот меч и гостувањето во Македонија. И се надевам дека овојпат ќе направиме нешто повеќе од само добар настап против Македонците, како што беше тука пред пет дена. Нов бод би бил како победа за нас“, вели Дејл Колеинг, репрезентативецот на Гибралтар.
Гибралтар има три порази во три меча со Македонија без даден гол (двапати дома со 0-2 и еднаш со 0-4 во Скопје пред четири години.