Колку пати сме биле сведоци на играч кој решил да игра за некоја од африканските земји откако ја изгубил шансата да го стори тоа во посилен, европски тим.
Последен пример во низата е селекцијата на Гана која обезбеди учество на Мундијалот, по што голем број фудбалери се сетија на корените од таа земја.
Меѓу нив се Тарик Лампти од Брајтон, Калум Хадсон Одои од Челзи, Еди Нкетиа од редовите на Арсенал кој имаше забележителен крај на сезоната и браќата Ињаки и Нико Вилијамс од Атлетик Билбао.
Последните двајца, фудбалери на Билбао, моментално се во Гана каде го поминуваат времето во процесот на вадење пасоши. Ињаки во минатото изјави дека повеќе се чувствува како Шпанец отколку како Ганец, а еден настап забележа и за селекцијата од Пиринејскиот Полуостров.
Хадсон Одои наводно е фрустриран поради тоа што Герет Саутгејт не го кани во репрезентацијата на Англија, иако прашање е дали е доволно квалитетен за тоа. Лампти нема на што да се надева во селекцијата на Англрја бидејќи игра на десен бек, каде веќе се Трент Александар Арнолд, Рис Џејмс, Кајл Вокер, па дури и Киеран Трипије, кој често игра на левата страна поради немањето доволно добро решение.
Доколку Гана успее да ги добие сите овие играчи, сигурно ќе има посилен тим чиј столб во моментов е Томас Парти од Арсенал, а тука се браќата Ају, Кудус од Ајакс и играчот од средниот ред на Шериф, Едмунд Адо .