Елиф Елмас новиот лидер на Македонската фудбалска репрезентација се најде во одбрано друштво за фудбалери до 23 години, според својата вредност во моментот.
Најновото истражување на Меѓународниот центар за спортски студии го вброи Елиф Елмас меѓу тројцата млади фудбалери во светот од средниот ред. Неговата вредност достигнува фантастични 70 милиони евра во овој момент.
На врвот е Џуд Белингам, англискиот репрезентативец кој го носи дресот на Борусија Дортмунд, чија вредност е 120 милиони евра. Веднаш зад него со проценета вредност од 70 милиони евра се Елиф Елмас од Наполи, Деклан Рајс од Вест Хем и Куртис Џонс од Ливерпул.
Најголема вредност, се разбира, имаат напаѓачите, како Ерлинг Халанд, Винисиус Жуниор и Фил Фоден. Меѓународниот центар за спортски студии ги вреднува со 150 милиони евра.