Жоржињо минатата сезона со Челзи ја освои Лигата на шампионите, а со репрезентацијата на Италија Европското првенство. Љубителите на „најважната споредна работа на светот“ уживаа во неговите ремек-дела, но малкумина знаат дека неговиот пат до ѕвездите бил многу трнлив.
Колку тешки му биле почетоците во фудбалската кариера откри во текстот кој го напиша за веб-страницата Players Tribune.
„Собите беа валкани, јадевме иста храна три пати на ден.
Тушот немаше топла вода, дури ни во зима.
Однадвор, локални банди се обидоа да ни украдат.
Но, најлошото беше кога тетката задолжена за чистење престана да работи. Не постои добар начин да се објасни, но кога одите во тоалет … знаете.
Вака изгледаше мојот живот во кампот во Габируба, Бразил.
Живеев на повеќе од 160 милји од моето семејство, а имав само 13 години, дете.
Беше како во војска. Трениравме два пати на ден, па учевме. Педесет играчи спијат во мали кревети наредени еден до друг. Пред да одам во кампот, бев одбиен од три клуба каде што тренирав. Ми кажаа дека преку споменатиот камп има мала шанса преку менаџерот да се стигне до Италија. И кое дете не би сакало да оди во Европа, нели?
Еден ден започнаа вистински проблем во кампот. Чистачката си замина затоа што не земаше плата, па не поделија во две групи: секоја да чисти по еден ден. Така еден ден се случи групата да не го исчисти тоалетот. И што се случи следниот ден? Ниту другите не сакаа да чистат. И тоа се случуваше со недели, а нечистотијата само се трупаше. Не можеше да влезеш внатре, мораше да го задржиш здивот.
Можеби ќе ве изненади, но таквиот живот ми стана нормален. Сериозно. Научив дека луѓето можат да се прилагодат на се, без разлика колку е лошо. Лудо е колку можете да издржите кога немате избор.
После неколку недели мајка ми дојде да ме посети. Таа отиде во тоалет. Кога се врати, само ми рече да ме однесам дома. Да знае дека тоа е мојот сон, но дека не можам да живеам така.
И кажав дека цел живот ќе ја обвинувам што не сум станал фудбалер ако ме натера да си одам дома.
Таа почна да плаче.
„Ова е мојата шанса. Не ми е гајле што трпам. Можам да јадам истата храна 10 дена. Ќе одам во валканиот тоалет. Не е ништо, ѝ реков.
Таа само ме гледаше. И таа повторно почна да плаче.
Тоа е еден од најтешките моменти во мојот живот. Таа не беше една од мајките кои не разбираа фудбал. Не, пријателе. Таа ми го даде целиот талент. Знам дека тато се лути кога го кажувам тоа, но, тато, знаеш дека е вистина. Таа потекнува од фудбалско семејство и игра фудбал и денес. Ќе играше фудбал со мене на плажа. Таа ми објасни како да стапнам кога шутирам.
По две години пристигнав во Верона. Ме ставија во стар манастир со уште пет играчи во соба која имаше само три кревети. Но, јас бев возбуден.
Јас сум во Италија. Сега се е можно!
Живеев со 20 евра неделно, кои ги добивав од менаџерот. Нешто за шампон, паста за заби и дезодоранс. Одев и купував милкшејк во Мека. Чинеше едно евро. Помфрит? Плескавици? Заборавете, тоа е само за богати деца. Ќе седев на скалите зад аголот и само … гледав. Така живеев година и пол.
На крајот, се скршив. Сакав да си одам дома. Ја повикав мајка ми и таа ми рече дека вратата ќе биде затворена.
Бев шокиран. Можеш ли да замислиш мајка ти да ти каже такво нешто. Му се јавив на татко ми, но тој ми го кажа истото.
Подоцна ми се јавија, ми рекоа дека веќе сум стигнал до тренинг со професионалци и дека не треба да се откажувам. Мојата постара сестра подоцна ми кажа дека мајка ми плачела по разговорот. Фала му на Бога моите родители беа храбри. За среќа, ги послушав.
Во секој клуб се мачев на почетокот. Имаше многу критики во Челзи.
Но, сега седам како шампион на Лига Европа и Лигата на шампионите. Така, имам само едно да им кажам на сите критичари: „Ви благодарам. Навистина, ви благодарам на сите“.