Не е невообичаено, тренерите два-три пати да преземаат ист клуб. Сепак, неприкосновениот рекордер доаѓа од Романија. Италијанецот Николо Наполи по осми пат ќе стане тренер на Крајова!
Тој сезонава ќе биде четврти тренер на романскиот прволигаш. Славниот Адријан Муту издржа 12 натпревари, а Флавиус Стојкан и Еуген Трика по четири.
Рекордерот по бројот на враќање во клубот, 59-годишниот Наполи ја водеше Крајова во сезоната 2003/2004, а потоа се врати во 2007 година и остана две сезони. Тој повторно го презеде клубот во 2011 година, кога остана пет натпревари, а потоа се врати во 2013 година. Пред четири години тој стана тренер по петти пат, а една година подоцна и шести пат. Потоа, по новото заминување, тој повторно дојде во клубот во август 2020 година. Во последниот мандат издржа осум натпревари.
Навивачите не го дочекаа со радост осмото доаѓање на италијанскиот тренер. Напротив, тие отворено протестираа на аеродромот.
– Уморни сме, остави не повеќе брат. Немаме никаков проблем со тебе лично, но ова е навистина премногу – извикуваа фановите.
Наполи ја превзема Крајова на петтото место во романскиот шампионат. Во кратките паузи помеѓу враќањето во Крајова, поранешниот десен бек на Јувентус водеше уште неколку романски клубови.