Фудбалерите на Атлетико Мадрид во градското дерби го совладаа Реал Мадрид со 1:0 во 35 коло од најсилното шпанско првенство.
Единствениот гол „јорганџиите“ на стадионот „Ванда Метрополитано“ го реализираа во 40 минута кога прецизен од пенал беше Караско.
Составот на Карло Анчелоти веќе ја обезбеди титулата во „Ла Лига“, а се пласираше и во финалето на Лигата на шампионите, па така вечерашниот дуел за „кралевите“ немаше големо натпреварувачко значење.
Од друга страна играчите на Диего Симеоне се борат за место кое води во ЛШ и беа мотивирани да ги освојат бодовите против Реал.
Standings provided by SofaScore LiveScore