Реал Мадрид ја освои шпанската Ла Лига, па вечерва ќе влезе во градското дерби Атлетико Мадрид опуштено за разлика од претходно. „Кралевите“ очекуваа шпалир на „Ванда Метрополитано“, но наместо тоа добија скандалозен транспарент.
Навивачите на Атлетико поставија транспарент со кој го „пецнаа“ градскиот ривал во големото дерби.
„Имаат 120 години долг шпалир меѓу судии и медали“, пишуваше на транспарентот.