Италија како европски првак мораше да избори директен пласман на Светското првенство во Катар“, изјави легендарниот фудбалер на „азурите“ Роберто Баџо.
Италија стана континентален шампионат минатата година, откако во финалето во Лондон ја победи Англија (3:2, 1:1) по подоброто изведување пенали.
Сепак, „азурите“ го зазедоа второто место во групата зад Швајцарија во квалификациите за СП во Катар, а потоа доживеаја катастрофа во баражот со поразот од Македонија со 1-0 среде Сицилија.
„Срамота е што Италија како европски првак автоматски не избори пласман на Светското првенство. Секој може да загуби кога има лош ден, но овие играчи заслужуваат награда за тоа што го направија. Да бев дел од тимот, тешко дека би го прифатил ова“, рече Баџо.
Италија во средата во Лондон беше поразена од Аргентина со 3:0, на натпреварот меѓу шампионите на Европа и Јужна Америка.
„Италија претрпе психички последици откако беше елиминирана во баражот за Светското првенство. Смиреноста и самодовербата на Аргентинците не се споредуваат со нашите фудбалери“, изјави Баџо, трагичарот од пенал серијата во финалето на СП 1994 против Бразил.