Хрватскиот првак Динамо Загреб одби огромна понуда од Премиер – лигата за еден од своите најдобри фудбалери, Мислав Оршиќ. Во текот на денешниот ден клубот официјално објави дека Оршиќ ќе остане на „Максимир“ иако за него имаше понуда вредна 10 милиони евра од англискиот премиерлигаш Барнли.

Раководството на Динамо Загреб процени дека во овој момент Мислав Оршиќ му е неопходен на тимот во борбата за шампионската титула во Хрватска и се заблагодари за понудата на Барнли. Во тимот на „модрите“ се двајцата македонски репрезентативци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски.

Во последните четири сезони Динамо Загреб продаде играчи за вкупно 120 милиони евра и продажбата на Оршиќ едноставно не е неопходна во овој момент