Реал Мадрид може да дојде до потписот на Аурелиен Чуамени, но само доколку плати отштета од 80 милиони евра. Ова е одлуката на францускиот прволигаш Монако на најавите дека „кралевите“ се сериозно заинтересирани за играчот за врска.
Чуамени подолг период е желба на дел од најголемите европски клубови, вклучувајќи ги и Челси, Манчестер Јунајтед и ПСЖ. Сепак, францускиот клуб нема така лесно да се откаже од неговите услуги.
Бисерот на Монако, 22-годишниот играч од средниот ред, има договор до 2024 година и клубот не брза да го продаде, а доколку заинтересираните инсистираат да го купат, утврдената цена нема да биде помала од 80 милиони евра.