Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Ватфорд со 2:0 (1:0) во натпреварот од 31.коло на англиската Премиер лига.

Ливерпул ја продолжи победничката серија и засега е пред Манчестер Сити од кој има два бода повеќе и натпревар помалку.

Интересно, Ливерпул во првото полувреме нема примено гол на 18 натпревари по ред.

Вотфорд можеше да поведе во 21. минута, кога Куцка излезе 1 на 1 со Алисон, но шутираше директно во него.

Следуваше контра, Гомез центрираше до Жота, кој во 22. минута се уфрли и со глава ја смести топката во мрежата за водство.

На крајот целосно трагичар беше Куцка, кој во шеснаесетникот го собори Жота и направи пенал.

Фабињо реализираше пенал во 89. минута и ја потврди победата.

https://www.youtube.com/results?search_query=liverpool+vs+watford