Вахид Халилхоџиќ, селекторот на фудбалската репрезентација на Мароко, зборуваше по ждрепката за Светското првенство, на која неговата репрезентација во групната фаза ќе се судри со Хрватска, Белгија и Канада.
Босанскиот стручњак призна дека ќе биде особено наострен на средбите со „ватрените“.
„Природно е, нема ништо лошо во таквиот став. Важно ми е Мундијалот да го започнеме мотивирани и чисти, неоптоварени со нивното сребро од Русија. Светското првенство во Русија било и поминало, видовте што ѝ се случи на Италија во овие квалификации само една година по шампионскиот трофеј на Европското првенство“, изјави Халилхоџиќ.
Босанскиот стручњак на планетарниот собир обезбеди место без најдобриот играч Хаким Зијеш од Челзи и на прашање дали ќе го помилува, само одмавна со раката.
Исто така популарниот Ваха му одговори и на поранешниот фудбалер на Монако и Пари Сен Жермен, Жером Ротен, кој неговите методи ги нарече диктаторски и застарени.
„Претпоставувам дека одамна не е дрогиран, па зборува глупости“, изјави Халилхоџиќ.
Во првото коло Мароко ќе се судри токму со Хрватска, на 23 ноември.