Португалскиот репрезентативец Жоао Кансело минатата сезона играше одлично како позајмен играч во Барселона, но не им одолеа на саудиските милиони и во новата сезона ќе игра во актуелниот шампион на оваа земја Ал Хилал.
Тој потпиша трогодишен договор за вкупна сума од 45 милиони евра, а Манчестер Сити од него заработи 25 милиони што е одлична сума ако се знае дека лани искусниот бек беше како на заем во Барселона и не постоеја изгледи да биде продаден. Јасно е дека со своите квалитети, Кансело ќе биде уште еден голем адут на Ал Хилал за одбрана на титулата на Саудиска Арабија.
Интересно е тоа што Кансело е прв нов играч во редовите на првакот кој во ноември го очекува и враќањето на Нејмар.