Пресметката меѓу Рајо Валјекано и Барселона заврши со победа на гостите, но не помина без контроверзни моменти.
Потоа следуваше поништениот гол на Левандовски поради прекршок во напад на Кунде, за што Итуралде вели дека ВАР судиите постапиле правилно што го повикале главниот судија, а и тој што го поништил голот, бидејќи Французинот стапнал на ногата на противничкиот фудбалер на почетокот на акцијата за гол.
Третиот спорен момент е и според Итуралде, единствената грешка на Сото Гранде, а тоа е прекршoкот на Пате Сис над Педри. Поранешниот шпански судија смета дека ова било ситуација за директен црвен картон.
– Тоа беше старт со голем интензитет и високо подигната нога. Требаше да биде црвен картон и ВАР собата мораше да го предупреди судијата дека погрешил, – вели Итуралде.