Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз за 2 часа и 44 минути ја помина првата пречка на УС Опен и покрај тоа што за ривал го имаше анонимниот Ли Ту од Австралија, 189. тенисер на АТП листата.
Шпанецот победи со 3-1 (6-2, 4-6, 6-3, 6-1), но до средината на третиот сет трепереше бидејќи малку недостасуваше да се случи сензација. По релативно лесно добиениот прв сет (6-2), Ту покажа дека заслужува да биде подобро рангиран и во вториот направи пресврт, па од 3-4 со брејк на Алкараз успеа да освои три гема по ред и да израмни на 1-1.
Во третиот сет се играше израмнето до 3-3, а потоа третиот светски рекет одлучи да демонстрира сила. Освои осум гема по ред и не само што поведе со 2-1 во сетови, туку имаше и 5-0 во третиот, па остатокот од мечот остана само формалност.
И во второто коло Алкараз за противник има анонимен тенисер, 74. светски рекет Ботик ван де Зандшулп.