Се случи изненадување во Дубаи, Ѓоковиќ е поразен од 123. тенисер во светот, леворакиот Чех Јиржи Весели со 6:4, 7:6 (4) по 118 минути игра.
Тоа беше нивни втор меч и втора победа на чешкиот тенисер , која славеше и пред шест години во Монте Карло.
Едноставно со сервиси и силни удари го бомбардираше Новак и со тоа стигна до пласман меѓу четирите најдобри на овој турнир.
Мечот започна со брејк на чешкиот тенисер, а потоа поведе со 2:0, но откако Ѓоковиќ се загреа лесно се врати во мечот.
Во третиот гем успеа да го врати брејкот, а потоа ги доби следните два и поведе со 3:2.
И токму кога се чинеше дека се ќе оди како што сака Новак, Чехот повторно се разигра – израмни на 3:3, а потоа Новак му даде нов брејк со двојна сервис грешка во седмиот гем, 3:4.
Го бомбардираше Весели од сервис, сервираше просечно 210 на час во тој дел од мечот и така стигна до потврда на брејкот и 3:5.
Ѓоковиќ успеа да го добие следниот гем, но Чехот по 47 минути игра лесно го приведе сетот со сигурни сервиси, 4:6.
Весели не се предаде ниту на стартот од вториот сет. Тој продолжи добро да сервира и Србинот мораше да бара начин да го загрози и да го врати мечот на своја страна.
Прво Новак почна подобро да сервира, за разлика од првиот сет не му даде премногу лесни поени на противникот.
Сепак, Весели не попушти на сервис, со повремени излегувања напред и силни и прави удари, му создаваше многу проблеми на Ѓоковиќ.
Во седмиот гем од вториот сет, Ѓоковиќ повторно загуби сервис и Весели стигна до прагот од соништата, поведувајќи со брејк со 4:3.
Ѓоковиќ имаше можност веднаш да го врати брејкот, но не ја искористи и Чехот дојде до 5:3 и голема шанса за победа.
Новак лесно го доби следниот гем, а потоа на Весели му затрепери раката кога сервираше за победа.
Тој успеа да ја искористи третата брејк шанса во гемот и израмни на 5:5.
Во следниот гем Ѓоковиќ мораше повторно да спасува брејк топка, успеа и поведе со 6:5.
Сепак, Весели одолеа во следниот гем и дојде до тај-брејк. Чехот веднаш дојде до предност од 3-0 и тоа му помогна на крајот да слави во тој дел од играта со 7:4 и со тоа да го добие натпреварот.