Италијанската тенисерка Мартина Тревисан прва обезбеди учество во полуфиналето на овогодинешниот Ролан Гарос.
По три неизвесни сета, таа ја совлада Канаѓанката Лејла Фернандез со 2:1 (6:2, 6:7, 6:3).
Италијанката лесно славеше во првиот сет, а во вториот сервираше на 5:4 за победа и имаше меч топка. Сепак, Фернандез успеа да сврти се во своја полза и израмни по тај-брејкот.
Но, во третиот сет Тревисан повторно одигра одлично и брзо стигна до 5:1, но уште еднаш очајно сервираше за да го добие мечот.
Но, во последен момент успеа да ги консолидира сервисите и по два часа и 19 минути оствари голема победа.
Во борбата за финалето ќе игра против подобрата од пресметката меѓу Кори Гоф и Слоун Стивенс, на стадионот „Филип Шатрије“.
По нив ќе се сретнат Александар Зверев и Карлос Алкарас, а во вечерниот термин од 20:45 часот сите го чекаат 59. дуел меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.