Сагата околу Новак Ѓоковиќ и неговото евентуално појавување на Австралија опен трае веќе со месеци. Потсетуваме, организаторот на турнирот најави дека сите што сакаат да играат мора да се вакцинираат, а Ѓоковиќ е познат по тоа што не е поддржувач на вакцината.
Сепак, последните вести велат дека невакцинираните тенисери сепак би можеле да се натпреваруваат на првиот Грен слем сезонава.
Имено, организаторите на турнирот ќе формираат посебен комитет. Невакцинираните тенисери ќе можат да го претстават својот случај и да објаснат зошто не се вакцинирале. Како суштински услов се наведува дека мора да имаат валидна медицинска причина за тоа.
Комитетот ќе го сочинуваат три лица: општ лекар, имунолог и епидемиолог. Идентитетот на тенисерите кои на крајот ќе се пријават во одборот ќе останат непознати за јавноста освен ако самите играчи не решат јавно да кажат дека побарале изземање.
„Ние тесно соработуваме со владата на Викторија за да воспоставиме фер и независни протоколи за медицинско изземање и тоа ќе ни овозможи да имаме Австралија опен што е безбеден и во кој сите уживаат. Процесот ќе го водат независни експерти и случајот на секој играч ќе биде разгледан Директорот на турнирот Крег Тајли, рече тој.