Тенисерот број еден на АТП-листата, Карлос Алкараз го совлада Денис Шаповалов со 3-0 во сетови, 6-1, 6-4 и 6-2 во третото коло на Ролан Гарос.
Шпанецот немаше милост за ривалот во првиот сет и му дозволи да освои само еден гем (6-1), а потоа Шаповалов заигра подобро и му парираше на Алкараз до седмиот гем, кога имаше и предност од еден брејк, но потоа шпанскиот тенисер го сврте сетот во своја корист и го доби со 6-4.
Алкараз доминираше и во третиот сет, каде што направи брејк во првиот гем (1-0) и во петтиот гем (4-1), по што сервираше за триумф од 6-2.
Шпанскиот тенисер во следното коло ќе игра против Лоренцо Музети.