Поради дождот во Париз и променетиот распоред, како и времетраењето на натпреварите во сабота попладне, натпреварот почна во 22:37 часот во сабота, а заврши во 3:07 часот во недела наутро. Тоа беше дефинитивно највозбудливиот натпревар на турнирот досега.
Дуелот прилично доцнеше, но сите што останаа на трибините и крај малите екрани можеа да уживаат во спектаклот на централниот терен на „Филип Шатрие“, а на крајот Ѓоковиќ славеше по пет сета – 3-2 .
Пресметката траеше нереални четири и пол часа, а заврши нешто пред четири часот. Поради дождот беа одложени голем број натпревари и затоа организаторите одлучија дуелот меѓу Ѓоковиќ и Мусети да не се прекине, туку да се одигра до крај. Тоа наиде на многу гнев кај фановите на Ѓоковиќ, но српскиот ас уште една покажа класа, се справи со тој проблем и во спектакуларен меч извојува победа за втора седмица во Париз и пласман во осминафиналето.
Во првите четири сета се играше израмнет тенис во кој двата аса имаа свои моменти и освоија по два сета. Но, во одлучувачкиот Ѓоковиќ се прошета со 6-0 и покажа дека сè уште може да игра на врвно ниво.
Трикратниот победник на Ролан Гарос, во осминафиналето ќе се соочи со Франциско Серундолo.