Шпанската млада сензација Карлос Алкараз беше непремостлива пречка за Марин Чилиќ. Алкараз во два сета се пласираше во осминафиналето .

Марин Чилиќ е поразен во шеснаесетфиналето на Мастерсот во Мајами. Подобар од него беше 14-тиот носител и финалист од Индијан Велс, младата сензација Карлос Алкараз.

Чилиќ навистина немаше премногу шанси на натпреварот. Единствената брејк топка ја имаше при 1:0 на 30:40, но Алкараз ја одбрани, а потоа направи брејк и го зеде првиот сет со 6:4 без преголема драма.

Во вториот сет Чилиќ подобро се држеше, во третиот гем спаси 0:40, но сепак при 4:4 Шпанецот направи нов брејк и потоа сервираше за сетот и мечот.

Иако сервираше речиси подеднакво успешно, Алкараз беше многу посигурен на вториот сервис со 71 отсто од поените, не грешеше ниту дозволи тешки ситуации и ги искористи своите шанси.

Во осминафиналето Алкараз го чека подобриот од дуелот на Стефанос Циципас и Алекс Де Минаур.

https://twitter.com/josemorgado/status/1508547928272654336?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1508547928272654336%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ftenis%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D03dd%3D28nav_id%3D2130184