Онс Џабер од Тунис, која на Ролан Гарос дојде како еден од главните фаворити, беше елиминирана уште во првото коло на Грен слем турнирот во Париз.

Подобра од шестата тенисерка во светот, неодамнешната шампионка на Мадрид и финалистка на Рим, беше Магда Линет – 3:6, 7:6 (5), 7:5.

Очекуваше Џабер без проблем да ја оправда улогата на фаворит, тоа го говореше нејзината страшна форма, но уште еднаш видовме дека во женскиот тенис се е можно.

Првиот сет Џабер го доби рутински, по половина час игра (6:3) и се „мирисаше“ на победа на тенисерката од Тунис.

Сепак, Линет заигра многу подобро во продолжението од мечот, во вториот сет не дозволи противничката да направи брејк,исто како и Џабер,па се влезе во тај-брејк.

Шестата тенисерка во светот подобро го отвори таканаречениот 13-ти гем, поведувајќи со 3:1, но потоа дојде до пад. Таа загуби четири поени во низа и Линет успеа да израмни, 6:3, 6:7 (4).

Очекувано, третиот сет беше крајно неизвесен. Линет прва направи брејк, одговори Џабер и повторно се чинеше дека тај-брејкот ќе го реши победникот.

Сепак, Полјакињата успеа да направи брејк во дванаесеттиот гем и дојде до голема победа.

Линет во следната рунда ќе игра со Тревисан или Дарт.