Рускиот тенисер Данил Медведев рутински обезбеди пласман во осминафиналето од УС Опен откако ноќеска го совлада Флавио Коболи со 3-0, за 2 часа и 18 минути игра (6-3, 6-4, 6-3).
Италијанецот подобро го отвори мечот, прв направи брејк, но Медведев брзо возврати, два пати по ред му одзеде сервис на противникот и дојде до предност од 1-0. Во вториот сет рускиот ас направи само еден брејк и тој му беше доволен да го зголеми водството, додека во третиот, двајцата тенисери загубија дури шест гема на свој сервис од вкупно девет. Решавачка беше серијата на Медведев од четири гема со која стави точка на мечот.
Со овој триумф Русинот се доближи на само 285 бода од Новак Ѓоковиќ, но за да го помине на АТП листата потребно му е да стигне најмалку до полуфиналето. За да се случи тоа ќе биде многу тешко бидејќи следен ривал му е најпријатното изненадување Боргес од Португалија, но потоа би можел да игра со Синер ако Италијанецот го совлада Томи Пол.