Барселона одигра неверојатно страшен добар натпревар против Валјадолид и во една фудбалска рапсодија постигна дури седум гола во мрежата на Валјадолид а можеше и повеќе, погоди и три пати во стативата, натпревар на кој видовме неколку расположени фудбалери во тимот на Ханси Флик.
Иако според статистиката и головите се издвои Рафиња кој постигна хет-трик, мора да се признае дека извонредни беа и Ламин Јамал, Левандовски и Олмо, со тоа што задолжен за креацијата беше бисерот од 17 години.
Ламин денеска не постигна гол и беше расположен да ги проигрува своите соиграчи, но втората асистенција која ја запиша на мечот беше навистина спектакуларна.
Јамал претрча 60-тина метри од својата половина и дојде на делот од теренот каде е најопасен, а потоа покажа извонредна визија и маестрално го проигра Рафиња.
Бразилецот не погреши и го постигна голот за 5:0, кој всушност беше негов трет на овој натпревар.
Видеото погледнете го ТУКА