Фудбалерите на АЕК од Атина по 13-ти пат ја освоија шампионската титула во Грција, но првпат по 2018 година. Во последното коло им беше потребен само бод за и теоретски да ја обезбедат титулата пред Панатинаикос, но тоа го направија во голем стил и со победа од 4-0 против Волос.

Следуваше луда прослава не само на трибините на „ОПАП арената“, туку и надвор низ улиците на Атина и Грција.

https://youtu.be/dBx8slGu-lc

Убедливо најтрофејна екипа во грчкиот фудбал е Олимпијакос од Пиреја со 47 шампионски трофеи.