Екипата на Челзи со 2-0 го совлада Тотенхем во дербито од Премиерлигата, а со тоа ја израдува и Астон Вила која остана со солидна предност на четвртата позиција.

Откако стана јасно дека петтата позиција од Премиерлигата нема да носи во Лигата на шампионите, Тотенхем не смееше да киксира во трката со Астон Вила, но тимот од Северен Лондон загуби кај градскиот ривал Челзи.

Челзи поведе со гол на Чалоба во 24. минута по едно нафрлување на Галагер.

Конечните 2-0 ги постави Џексон во 72. минута откако дојде до одбиена топка по еден шут од слободен удар на Палмер.

Астон Вила е четврта со 67 бода, Тотенхем има 60 и натпревар помалку.